Бесплатна достава низ цела Македонија!

GiftCo

За Нас

Сите го знаеме тој момент, имаш некој повод наскоро, а уште немаш подарок. Гледаш наоколу, скролаш онлајн, влегуваш во продавница по продавница и ништо не ти е доволно добро за личноста што ја сакаш. На крајот купуваш нешто „за да не одиш со празни раце” и знаеш дека може подобро.

Токму затоа го создадовме GiftCo.

Нашата мисија е едноставна

Да го направиме подарувањето многу лесно, убаво и незаборавно.

💝

Подарувањето е радост, не стрес

Ние веруваме дека подарувањето не треба да биде стресно, туку треба да биде радост. Тој момент кога некој ја отвора кутијата и лицето му се расветлува? Тоа е чувството заради кое постоиме.

🎁

Внимателно составени кутии

Затоа создадовме готови подарок кутии кои се внимателно составени за секој тип личност, милениче и прилика. Секоја кутија содржи внимателно избрани производи кои навистина вредат, не случајни работи фрлени во кутија.

✨

Секој производ е избран со цел

Секој производ е избран со цел, да изненади, да развесели, и да покаже дека некој навистина се потрудил. А најдобриот дел? Тебе ти требаат само два клика.

🚀

Без паника, без стрес

Без паника во последен момент. Секоја кутија е спакувана со стил и доставена директно до твојата врата. Ти само ја подаруваш и го уживаш моментот.

Затоа што најважните луѓе во твојот живот заслужуваат подарок кој ќе го помнат, а ти заслужуваш подарувањето да биде лесно и со стил.

Scroll to Top